Актуелен пратеник од владеачкото мнозинство кој е основач на голема фирма и поранешниот шеф на УБК и конфискацијата на неговиот имот во предметот Империја, се меѓу првите задачи и увиди на американскиот тим за санкции, открива КОД.
Емисијата истражува и кој е профилот на функционери кои се на мета на странските тимови, но и кој е профилот на истражителите од странство.
Во КОД вечерва (недела 11.12.2022.) и за патувањето на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши во странство со истиот мерцедес за кој МВР изрече прекршок на анонимен скопјанец.
Интервју со Миша Поповиќ од Институтот за демократија кој зборува за ниската политичко-партиска волја во борбата против корупцијата.
Во КОД и приказна за спорото судство за смртта на една мајка, која загинала на пешачки премин во обид да стигне до своето мало дете.