Вести Свет

Блокади на Косово, полицијата распоредена на Јариње не дозволува влез во земјата

Се разгоруваат тензиите на Косово. Припадниците на косовската полиција распоредени на административниот премин Јариње не дозволуваат сообраќај на возила, а според дел од регионалните медиуми премин им е забранет и на пешаци.

Ваквата интервенција следува откако српските граѓани кои живеат во овој дел од земјата поставија блокади на дел од пристапите кон овој премин како одговор на денешното апсење на Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција.

Пантиќ на 5 ноември ја напушти оваа институција заедно со своите колеги, кои дотогаш беа вработени во полициската станица во Косовска Митровица.

Косовската полиција соопшти дека затворањето на преминот е поради безбедносни причини и ги повика граѓаните за сообраќај да користат други гранични премини.

Од таму ги повикаа граѓаните да не потпаѓаат на повици или евентуални провокации од криминални лица или групи, туку да соработуваат со косовската полиција, која ќе продолжи да се залага за безбедноста на сите граѓани без разлика, со изведување на осомничените лица пред лицето на правдата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Седум до 10 години е прифатлив рок за Македонија да издвојува пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Крстиновска: Србија и БиХ вешто го искористија наследството од Југославија и произвeдуваат поголем капацитет на оружје

Дејан Дејан

Вучиќ најави предвремени избори по завршувањето на подготовките за Експото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе