Оваа земја е на крстопат. Мора да избере дали одлучно ќе се справува со корупцијата или ќе дозволи коруптивните шеми да се вкоренуваат уште повеќе. Со вакво предупредување, евроамбасадорот Дејвид Гир ги повика сите институции заедно да дејствуваат и да пружат резултати какви што очекуваат граѓаните и Европската Унија.
Гир беше учесник на заедничкиот состанок за разгледување и имплементирање на Европскиот извештај за напредокот на земјата.
Министерката за добро владеење Славица Грковска ги опомена институциите, вклучувајќи ги и правосудните, дека нивната уставна независност не треба да се користи како привилегија и како изговор за самоволие. Побара лоцирање на индивидуална одговорност и уверување на граѓаните дека може да имаат верба во системот.
Соња Николовска