„Јас не ја изземам Владата од одговорноста ниту институциите. Треба да се види која е најслабата карика“, вели вице премиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во вечерашната Топ Тема.
Грковска за американскиот тимот за санкции, рече дека секоја помош за борба против корупцијата е добредојдена.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде „унапреден“ во уставен судија, бидејќи она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна, рече вице премиерката.
- Немањето на интегритет кај обвинителите да одлучуваат независно е она што најмногу ме поразува како граѓанин, рече таа.
Целата Топ Тема во продолжение…