Вести Македонија

Пазарџиите на кванташки пазар секојдневно се помалку

Високи кирии и мал промет е причината поради која во последните неколку години повеќе од половина од пазарџиите кои работеле на Кванташкиот пазар одлучиле да си заминат. Пазарот веќе четири години има нов сопственик, кој според пазарџиите не инвестирал во локацијата и условите, а енормно ги зголемил цените на кирија, но и барал да му се плаќа еден вид на паркин за возилата и камионите кои пазарџиите ги паркираат во кругот на Кванташкиот пазар.

Наместо разбирање и договор од сопственикот добиле закани и забрана да се зборува со медиумите за состојбата и условите на Кванташкиот пазар.

Пазарџиите велат дека нивните производи секогаш се продавале по ниски цени и тие едвај врзувале крај со крај, а со новите давачки на пазарот тие веќе се во голема загуба.

Бараат помош од надлежните институции да ги дислоцираат.

Тие велат дека освен економската загуба ниту хигиенските услови не се доволно добри и тоа е причина плус за да бидат дислоцирани на место каде што државата ќе ги уредува нивните услови.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе