Сегашни и бивши македонски функционери под будното око на американскиот тим за санкции. Кој е на црната листа корумпирани политичари судии, обвинители. Имињата во Македонија ги носи Габриел Екобар. Телма дознава дека заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан во понеделник ќе допатува во официјална посета.
Американскиот тим за санкции е веќе тука. Алармот е вклучен на најгласно, но надлежните сè уште се во полусон. Дефокусира прашањето, кој ги повикал американските експерти, власта или неиспорачаните резултати и покрај потрошените милиони странски пари за борба против корупцијата.
Незaвршената домашна задача на македoнските функционери ја презедоа странци, кусо по острите критики на Агелер дека во Македонија царува корупцијата. Денеска уште еден предупрeдувачки аларм од висок странски дипломат.
По Агелер, и aмбасадорот на Велика Британија во земјава Метју Лосон, со порака – корупцијата е навлезена во сите пори и го поткопува правото, напиша тој.
Неодамнешни вознемирувачки извештаи покажуваат дека корупцијата во Македонија се зголемува, а не се намалува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во правосудтството и ги ослабува јавните институции. Обединетото Кралство ја поддржува Македонија. Апсолутно критично е да се справи со ова, порачува британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.
А, што точно ќе прави американскиот тим за санкции во земјава, нејасно и за антикорупционерите. Сомнежи има многу, а симптоматична е изјавата на шефот на македонската дипломатија, Османи дека државата побарала странска помош, проследено со признание дека корупција има – од портир, па до највисок функционер.
„Османи изјави дека државата побарала, мислам дека не е баш така, јас мислам дека не е реална нивна радост, тоа е пораз за политиката, бидејќи да ти дојде од тоа ниво тим од Америка, единствено слична работа имаше во Бугарија. Дојдено е навистина до дното. Повеќе не се прифаќаат сите лаги или било што што им се сервира (на странските претставници). Дојдени се со свои очи да видат кај се тие пари (коишто ги вложуваат во обуки), а имаат право, бидејќи вложиле многу милиони, изјави Горан Трпеновски, член на ДКСК.
Првиот антикорупционер Ивановска, акцент стави и на зачуденотста на Агелер од изборот на наследник Русковска.
Ние како комисија, секоја борба, секој потег, секоја активност насочена кон борба против корупција ја поздравуваме како добредојдена. Ако се имаат предвид сите укажувања, препораки од странскиот фактор, вклучително американскиот, не се земаа доволно сериозно, за самите да ги завршиме домашните задачи. И сега нормално ни се случи, ова што ни се случи. Ќе видиме во што се состои, но, очекувано е, затоа што повеќе пати амбасадорката кажа дека се зачудила од изборот на обвинителот. А што се презема од наша страна? Тој не чувствувал ниту морална одговорност да се повлече, што се случи со сите негови гласачи, како општество не видовме. Односно ништо не се случи, истакнува Ивановска.
По поразително признание на министерот Османи, кадар на ДУИ која 18 години е на власт, со став дека државата е лоша на ова поле се јави и претседателот Стево Пендаровски.
Во интервју за ТВ Алсат потенцираше дека, иако имаме моќ да се бориме, лоши сме во борбата против корупцијата. Констатираше дека правосудниот систем испорачува слаби резултати.
Весна Јовановска-Дојчиновска