Вести Македонија

Грковска за американскиот тимот за санкции- Секоја помош за борба против корупцијата е добредојдена

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, изјави дека секоја помош во каква било форма, за брз напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата е добредојдена.

Таа вечерва во своето гостување во емисијата Топ тема на Телма одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер за пристигнување на тимот за санкции ја толкува двонасочно.

  • „Од една страна како поддршка и помош за разрешување на крупни коруптивни случаи, a од друга страна како критика за моменталната состојба за степенот на корупција во нашата држава“, рече вицепремиерката Грковска.

Таа истакна дека најважно е тоа што Владата сега ќе има дополнителна помош за справување со криминалот и корупцијата.

Вицепремиерката истакна дека институциите треба да бидат свесни дека постојат за граѓаните, а не обратно.

  • „Денеска на настанот што го организирав заедно со вицепремиерот Маричиќ и евроамбасадорот Гир, реков дека целокупната состојба во државата и вклучително и во делот на корупцијата е одговорност на сите нас што е во таа сала. Јас не ја изземам Владата од одговорноста ниту институциите. Треба да се види која е најслабата карика и од која причина добиваме вакви отворени без ракавици пораки од страна на нашите меѓународни пријатели“, рече вицепремиерката Грковска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе