Вести Македонија

ЕСМ досега потроши 16 милиони евра за набавка на струја од слободен пазар

Шеснаесет илјади мегават часови повеќе од планираното ќе купи ЕСМ овој месец за да го надополни недостатокот од струја, неопходен за потребите на регулираниот пазар и на училиштата јавните установи и прехранбената индустрија. Наместо планираните 48.000 мегават часови на електрична енергија, ЕСМ планира само овој месец да купи од слободниот пазар 64.000 мегават часови струја.

Според официјалните податоци на ЕСМ, досега за овој месец се купени 40.600 мегават часови електрична енергија за кои се платени 16,3 милиони евра. Просечната цена по која се купува струјата е околу 400 евра за мегават час.

Сепак, по која цена и од кои фирми од слободниот пазар ЕСМ продажба ја извршила набавката не е познато, бидејќи сè уште не се објавени на официјалнот сајт на државната компанија.

Според информациите на Телма, досега се склучени три договори за набавка на струја, а се купува од исти фирми како што беше и минатиот месец.

Ако во октомври ЕСМ не набавуваше електрична енергија од слободниот пазар, пред сè, поради топлото време, во ноември беа потрошени 23 милиони евра за кои беа купени што значи дека досега се потрошени 40 милиони евра.

Од ЕСМ се на ставот дека зголемените набавки се резултат на тоа што од 1 декември на ЕСМ Продажба се приклучени и други потрошувачи по одлука од Влада, како фирми од прехранбената индустрија, училиштата и водостопанствата.

Надлежните се надеваат дека во декември сите енергетски објекти ќе работат со максимален капацитет и со тоа да се намали потребата од набавка на струја. За сега на мрежа се вратени термоелектраните Осломеј и Неготино а РЕК Битола се уште работи со два блока во исчекување на трансформаторот неопходен за старт на работа на Блок 3 во комбинатот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе