Одбојка Спорт

Одбојкарите го отвораат ЕП во Скопје против Данска

Македонската одбојкарска репрезентација го дозна распоредот на натпреварите за Европското првенство идната година, на кое сме еден од ко-домаќините заедно со Италија, Бугарија и Израел.

Одбојкарите во првото коло во рамки на групата Ц, која ќе се игра во Скопје, ќе ги одмерат силите со селекцијата на Данска на 31 август. Потоа на втори и трети септември играме против Црна Гора, односно Полска. По еден ден пауза ни следуваат последните два натпревари во групата, на 5.септември ќе ги одмериме силите со фаворитот Холандија и завршуваме против Чешка на 6.септември.

Групата А се игра во Италија, каде се наоѓа домашната селекција, потоа Белгија, Германија, Естонија, Швајцарија и Србија.

Бугарија е домаќин на групата Б, а таму покрај оваа репрезентација ќе играат и Шпанија, Словенија, Украина, Финска и Хрватска. Во групата Д, покрај домаќинот Израел се натпреваруваат Грција, Турција, Франција, Романија и Португалија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АЕК бара натпреварот со Алкалоид да биде презакажан

Дејан Дејан

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

Дејан Дејан

Милевски одбра 27 фудбалери меѓу кои и еден дебитант за Белгија и Казахстан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе