Вести Македонија Топ вести

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за професорот Османи, писателот Урошевиќ, ликовниот уметник Рамиќевиќ и кардио-хирургот Јовев

Со низа настани, денеска се одбележува 8 декември, Денот на Свети Климент Охридски. Пред споменикот пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација положија цвеќе, а во собранието беше врачена државната награда „Климент Охридски“.

Во областа на воспитанието и образованието, наградата оваа година му е доделена на универзитетскиот професор Африм Османи, наградата за остварување во областа на културата и уметноста ја добија писателот, академик Влада Урошевиќ и ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ. Наградата за остварување во областа на здравството ја доби кардио-хирургот, професор доктор Сашко Јовев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Русија со нов меморандум подготвена за преговори со Украина

Дејан Дејан

Димовски: Не би сакал за секоја посета на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе