Вести Економија Македонија

По повеќе од деценија: Ќе тече нафта по нафтоводот Скопје-Солун

Потенцијал за испорака на милион тони дизел за Македонија и Косово и бројни придобивки за сите страни. Со ова се пофалија надлежните и на истото го базираат барањето за повторно да проработи нафтоводот Скопје – Солун.

Регулаторна комисија за енергетика потврди дека пристигнато е барање за добивање лиценца, од страна на Вардакс – претпријатието кое стопанисува со нафтоводот.

Претпријатието за нафтени цевоводи Солун – Скопје – ВАРДАКС АД, на 23 ноември 2022 година до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, поднесе Барање за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност транспорт на нафтени деривати преку продуктовод, објави Регулаторната комисија за енергетика. 

Временскиот период за кој се бара издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност транспорт на нафтени деривати преку продуктовод е 35 години. Ова го велат од РКЕ, а од менаџментот на „Нафтовод“ уверуваат дека освен финансиски придобивки, земјата ќе добие и поевтина и поквалитетна нафта.

Мислам дека некаде околу милион тони дизел гориво годишно може да поминува, како интерес што го имаме ние и соседните држави. Бенефитите се еколошки чисто гориво, нема загадување, нема уништување на патиштата, квалитетот на нафта којашто ќе се транспортира од солунското пристаниште од Хеленик Петролеум е со највишок квалитет, така што потрошувачите во Македонија ќе имаат и поевтина и поквалитетна нафта, изјави Есад Рахиќ, директор на „Нафтовод“.

Има процедури и потреба од носење на одредени подзаконски акти и оттогаш започнува да тече целиот процес, објасни управителот на „Нафтовод“. Треба да се добијат сите дозволи навремено и да се утврди транспортната цена од македонска и грчка страна.

Во тој случај, за 3 до 6 месеци ќе отпочне да тече целиот процес и да проработи нафтоводот повторно, со полна динамика.

Нафтоводот е затворен од 2013 година кога од страна на Хеленик Петролеум оценија дека неговото работење е непрофитабилно.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе