Вести Македонија Топ вести

Русија со времена забрана за увоз на македонско јаболко, причина кафеавата смрдулка

Кафеавата смрдулка ја спушти рампата за македонското јаболко на рускиот пазар. Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација од денеска времено го забрани увозот на земјоделски производи од Македонија, поради како што се наведува во решението на руски „Розелхознадзор“, опасниот штетник, кафеава мермерна бубачка, откриен во јаболката увезени од Македонија.

„Oд 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја. Мерките се преземени поради идентификација на исклучително опасен, за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија инскет – кафеава мермерна бубачка во јаболка увезени од Македонија“, се наведува во решението на „Розелхознадзор“.

Како што се наведува во информацијата на федералната служба за ветиринарен и фитосанитарен надзор на Русија, штетата на руското земјоделство од потенцијално ширење на кафеавата смрдулка може да достигне до два милијарди рубли годишно. Но, засега не се знае колкава ќе биде штетата за македонското земјоделство. Нема реакција од ресорното министерство за ваквата одлука на Руската Федерација. Инаку, според worldtopexport, Македoнија во 2020 година имаше извоз на јаболка во светото од 29 милиони долари, од кои дури 20 милиони долари  за Русија. Но, лани има пад на увезеното  македонско  јаболко  во Русија за речиси 30 проценти.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе