Парализиран град, блокирани улици, гужва, нервози, преполни автобуси, ваква е сликата по скопските улици денеска. Оние што го користат јавниот градски превоз беа принудени да се возат со автобусите на ЈСП, кои не се редовни и ги нема доволно, што предизвика нервоза, доцнење на работа и на училиште. Приватните превозници го кренаа нивото на предупредување, блокадите останаа и вечерва. Осми ден граѓаните без приватен превоз, а приватните превозници бараат решение за да возат по скопските улици. А се додека не падне договор ќе продолжи хаосот, кој го парализира нормалното функционирање на скопјани.
Тензично и на советничките прашања. Градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски контра приватните превозници.
Со блокада на централното градско подрачје продолжи хаосот во градот Скопје. Приватните превозници не отстапуваат од своите барања. Велат ќе продолжат со блокада додека не падне договор.
Без конкретно решение и на денешната средба на приватните превозници со управниот одбор на ЈСП. Од Слобода превоз пак велат пренесена е состојбата на превозниците и очекуваат службите да реагираат навремено. Доколку до вечер не се изнајде решение приватните превозници најавуваат радикализирање на протестите. Наместо договор,партиите во меусебни пресметки кој е виновен. Обидите за решение ги претворија во битка за политички поени. Од ВМРО-ДПМНЕ им порачаа на градските власти ако не го исплатат долгот,милионската сума уште ке расте. Арсовска пак со одговор слободно тужете.
Симона Петровска