Какво е чувството кога двајца браќа делат иста професија? Двајцата се фудбалери, а ја имаат и таа можност истовремено да ги бранат боите на Македонија.
Која улога е потешка? Да ги тресеш противничките мрежи или, успешно да ја зачуваш недопрена сопствената?
Како ги поднесуваат критиките и навредите од јавноста?
Дознаваме кои се нивните најголеми сличности и разлики, а и кои се нивните други таленти освен фудбалските?
За анегдотите со Горан Пандев и Жозе Мурињо, за семејството и пријателите.
Дали во нивниот свет фудбалот е и повеќе од игра, во искреното интервју со актуелниот напаѓач на Спартак Трнава и репрезентативец Милан Ристовски и неговиот постар брат, значаен дел од одбраната на загрепски Динамо и капитен на Македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски.
Гледајте „Ферплеј со Јана“ во недела, 16:15 на Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.