Вести Македонија Топ вести

Студентите бараат исполнување на сите барања, за четврток најавуваат студентски марш

Студентите добија ветување дека до средината на декември ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран оброк што им доцнат, како и дека ќе продолжи нивната редовна исплата, но за останатите проблеми ќе треба да почекаат до март на новото законско решение со кои би биле опфатени спорните услови. Сепак голем дел од нив се на став дека за некои од нивните барања не може да се чека. Грејната сезона почна, се прават рестрикции на топла вода, а просториите во кои се сместени велат дека се ладни.

Наместо приватизација бараат реконструкција на студентските домови и подобрување на условите за живот во нив. Сметаат дека тие треба да бидат иземени од мерките за штедење на Владата. Тврдат, поради скапата струја не ретко се исклучуваат и лифтовите, што пак дополнително им го отежнува живеењето.

Се жалат и од квалитетот на храната која ја добиваат во студентските домови, а за сумата која се одвојува за студентски оброк велат дека е прениска особено што храната неколкукратно е поскапена поради инфлацијата, па парите кои ги одвојува државата не стигнува ниту за цел оброк.

Овие проблеми според нив не може да се одложуваат до март туку бараат итна реакција. Доколку институциите немаат слух за нивните барања, токму на светскиот ден на студентите, во четврток повторно ќе излезат пред Собрание за да ги бранат своите права.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама бара нова победа, Бериша сака камбек, Мета од притвор- избори во Албанија, македонскиот кандидат со владеачката коалиција

Дејан Дејан

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Дејан Дејан

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе