Стотина студенти попладнево излегоа на протест пред Собранието да изразат незадоволство од измените на Законот за студентски оброк. Додека тие го блокираа булеварот пред законодавниот дом, нивни колеги од „Студентски отпор“ и Студентското собрание при УКИМ внатре разговараа со пратеници и со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири за новото законско решение.
Средбата вечерва резултира со договор – ретроактивно, до 15 декември, да се исплаќаат 120 денари на ден за студентски оброк, согласно Законот за субвенциониран студентски оброк. Така ќе биде до март, а потоа се очекува трајно системско законско решение.
Медиумските фотоапрати и камери, сепак, имаа можност да архивираат силни пораки преку транспаренти што студентите ги држеа пред македонското Собрание.