Сеопфатно истражување кое се надоврзува на истражувањата во 70- те години на историчарката Вера Весковиќ Вангели и Марија Јовановиќ, зборник во кој денес се содржани најновите наоди на заедничкото истражување на Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска за списанието „Македонка“, за историјата на жените и нивната (не)видливост во националната нарација за минатото. Станува збор за публикација што била официјален орган на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија.
Еден период кој низ списанието ни прикажува на кој начин жените учествувале во градењето на македонската држава и тоа не само од политички аспект, изградба на институциите на државата, туку и во однос на образованието, на еманципацијата, на се она што можеби денес е заборавено, но е многу важно за моменталната положба на жените во општеството, изјави коавторката на зборникот, Ицана Хаџиевска.
Во рамки на промотивниот настан беше отворена и изложбата на уметницата Христина Иваноска, со наслов „Документот кој недостига“, што е дел од програмата на „Прво па женско 10“.
Оваа изложба што ја гледате е на некој начин заокружување на мојот долгогодишен интерес за заборавениот интерес за жените во Македонија и проект што го започнав во 2014 та година за време на моите докторски студии на Академијата за ликовни уметност во Виена, вели Ивановска.
Според Јелена Милинковиќ списанието „Македонка“ е споменик на НОБ, на антифашизмот, феминизмот, женската култура и раниот социјализам. Затоа неговото читање и неговата достапност го надминува локалниот, македонскиот контекст и го засега целиот југословенски простор.
Нина Стефанова