Халки креативната училница е новото шаренолико, раскошно и многу забавно катче во непосредна близина на главниот влез на Зоолошката градина. Ова е прва и единствена училница од ваков тип кај нас.
Официјалното отворање на училницата мина во прекрасна и весела атмосфера. Учениците од неколку основни училишта, предводени од ЗОО едукатор, беа на прошетка на која се запознаа со подготовките на животните и нивните живеалишта за зимата, по што следуваше ликовна работилница на тема „Природата како вечна инспирација“.

На креативен и непосреден начин, децата учеа за екологијата, природата и грижата за животните.
Низ разговор со претставници од банката тие учеа и за финансиската писменост, детското
штедење, како и за важноста на штедењето на сите ресурси на Земјата. Дел од наученото го
претворија во прекрасни творби, кои, како и цртежите од ликовната работилница ѝ беа донирани
на Зоолошката градина.

Во координација со надлежните на ЗОО, креативната училница ќе биде отворена во текот на
целата година и достапна за сите кои сакаат да ја користат. Предавањата и дружењето траеја до доцна попладнето. Низ креативната училница Халки поминаа повеќе од 250 деца, кои заминаа задоволно, понесувајќи со себе цртежи, нови научени работи и многу подароци.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.