Вести Македонија Топ тема

Топ Тема 25.10.2022 – Песимистички прогнози од Светска банка за македонската економија, како да му се помогне на стопанството ?

Најмал економски раст во регионот, од само 2, 1 отсто… Двоцифрена и досега најголема стапка на инфлација, која ако несе преземаат соодветни мерки може да помине и над 20 посто… Можна краткорочна рецесија, со надеж дека нема да се продлабочува – та е општата слика за македонската економијата низ призмата на последниот Извештај на Светската банка… И додека експертите се поделени за  ваквите оценки и прогнози, она што е едногласна порака и од Светската банка и од домашниот бизнис сектор е: итни мери и сериозни политки за придвижување на економијата. А колку се тие можни во услови на енергетска криза ? Колку можеда се постигне и како некаков баланс во барањата за субвенции и поддршка од сите страни – со што се оптоварува расходната страна на државниот буџет, и како да се наполни приходната !? Или накратко – од каде пари, што се е епотребно како мерки на краток рок за стопанствот да преживее ? За ова и други прашања вечерва во ТОП ТЕМА разговараме со Сашко Дуковски, потпретседател на Сојузот на стопански комори и поранешниот министер за финансии Џевдед Хајредини… А за енергетската криза, прогнозите на Светска банка, досега преземените и очекуваните владини антикризни мерки ги имаме и ставовите на Бранимир Јовановиќ, економски аналитичар и истражувач во Виенскиот економски институт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе