Вести Македонија Топ вести

Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски од ССМ и го повтори ултиматумот до градоначалничката Арсовска која го постави контроверзниот директор

Градските власти до утре имаат рок да седнат на маса со Синдикатите, а во спротивно работниците ќе штрајкуваат и ќе си ги бараат своите права. ССМ ѝ отвори нов фронт на градоначалничката Арсовска и побара разрешување на директорот на „Водовод и канализација“ Митовски, кој на функцијата е само месец и половина.

Ова го истакнаа и пред четири дена, а денес го повторија ултиматумот.

Дарко Димовски од ССМ посочи и дека директорот на Водовод Митовски имал одлежано и затворски казни за сериозни дела, па ја повика градоначалничката Арсовска да ги прочита тие судски пресуди.

Обвинувањата на синдикатите се дека актуелниот директор на „Водовод“ се заканувал на вработени, најавувал нова систематизација во претпријатието и отпуштања на работници. Дел од вработените во Водовод, брифираа дека добивале задолженија кои не се според Договорот за работа и на возрасни инженери кои се пред пензија им се делеле работни задачи како за почетници. Арсовска вчера кажа дека заканите за штрајк во претпријатието доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација, а од ССМ и возвратија дека нема политика кога станува збор за работничките права.

Претходно, од страна на Инспекторатот за труд се нотирани неправилности во работењето. Станува збор за незаконски спроведени прераспределби на работни позиции, а се отвориле и прашања околу законитоста при поставувањето на двајца шефови на кабинет.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе