Време е за една од најблескавите спортски приказни на македонската и меѓународната спортска сцена, заедно со човекот кој сè уште е апсолутен рекордер. До ден денес, тој е најмладиот борач во историјата кој на само 19 години освои Олимписко Злато.
Шампион се станува и со искинати патики, со тренинзи под отворено небо наместо во топла спортска сала, со бегање од дома додека сите спијат, НО НАЈВАЖНО, со челична воља и желба за победа….А сето ова е најинтересно да се дознае низ неговите неверојатни приказни и сеќавања.
Како минува секојдневието и што прави Олимпискиот шампион Шабан Трстена денес, 38 години по неговото стапнување на светскиот боречки трон?
Ви пренесуваме викендов, во „Ферплеј со Јана“,
Недела, 16:15 на Телма
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.