Вести Македонија Топ вести

Арсовска: Бесплатен јавен превоз од втората половина на 2023 година

Граѓаните на Град Скопје, во втората половина на 2023 година, ќе имаат бесплатен јавен превоз, како што беше ветено, рече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа посочи дека јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, како што беше најавено во програмата. Сепак, како што рече, сите институции треба да си ги почитуваат обврските и да ги исплатат своите долгови.

„Проблемот во оваа држава е кај сите оние кои не си ги почитуваат обврските. Со опструирање на сите институции, кои што 30 години ја „изедоа“ оваа држава, ние не можеме да градиме ниту поквалитетен град, ниту поквалитетна држава. Секој треба има обврска за одговорност, а тоа значи доколку некој должи над два милиони евра не треба да прашува како ќе има бесплатен јавен превоз, туку треба да си ги плати своите обврски. Истото се однесува и за централната и за оние единици на локалната власт кои не си ги подмируваат своите обврски“, рече Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе