246 километри се дистанца која доколку сакаме да ја поминеме, вообичаено употребуваме превозно средство. Но, возможно е овие километри и да ги истрчате и тоа, за триесет и четири часа.
Како игледа трчањето кон целта, кога дел од него се и мисиите: да се биде добра личност, успешна сопруга и мајка, вреден работник но и спортист кој испишува историја?
Викендов гостинка во „Ферплеј со Јана“ е првата и единствена Македонка на која и успеа да стигне до целта на една од најпрестижните трки во светот, ултрамаратонот „Спартатлон“ – Катерина Шиповиќ.
За нејзиното секојдневие, во оваа прилика зборуваат и најголемите поддржувачи кои ги има, нејзиниот сопруг и брат.
Гледајте нè, во недела, 16:15 на Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.