Воопшто не се плашиме од никакви фракции, ВМРО-ДПМНЕ како што е сега обединето , ќе остане обединето и во наредниот период, се до остварувањето на својата цел , односно до уривањето на оваа недемократска власт која во моментов раководи со државата, изјави во вечерашната Топ Тема, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Мислам дека е тотално непотребно да се разговара за било какви смешни иницијативи кои што се обидуваат да гравитираат во текот на денешниот ден и испаднаа сеирџиски за граѓаните да се смеат на тие иницијатори “ – изјави Арсовски.
Членството е обединето и единствено сме фокусирани на оваа недемократска и ненародна власт, додаде Арсовски.
Точно е дека има многу соопштенија, но точно е и дека нашите првични соопштенија кои ги имаме се пред се афирмација на нашите политики, како СДСМ кои ги имаме, а секогаш забележуваме дека кога има некој напредок во државата, кога се случува некоја важна работа на меѓународен план и е во позитива за државата или секогаш кога има проблем внатре во ВМРО-ДПМНЕ, како што беше во град Скопје, тогаш наидуваме од нивна страна на дефокус и секако дека мора да одговориме на нив, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Критиките се добри за власта, иако оваа власт е толку суетна што ги игнорира сите аргументирани критики, рече Арсовски.
Според Кузеска, ВМРО-ДПМНЕ се тие кои користат навреди и провокации и без никакви аргументирани критики.