Алијансата за Албанците бира привремен претседател откако основачот на партијата и досегашниот лидер Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка по тетовските локални избори на кои оваа партија не освои ниту едно советничко место.
На партиското тело каде се бира новиот претседател на Алијансата, Села пред новинарите рече дека ја презле одговорноста затоа што на партијата функционира на демократски начин и ќе продолжи со својата досегашна борба.
-Не заминувам од партијата, ќе бидам член и ќе работам секаде каде што новото раководство или било кој огранок или орган одлучи и ме повика да помогнам, истакна Села.
Тој рече дека Алијанса за Албанците е автономна партија која никогаш својата иднина ја нема пресметано како припојување или во прегратка со некоја македонска политичка партија. Прашањето се однесуваше на тоа дали се подготвува нова коалиција во Собранието со други опозициски партии.
-Алијанса за Албанците е автономна партија и никогаш својата иднина не ја има рачунато како припојување или во прегратка со некој од македонските политички партии. Друга е работата кога треба да се седне и преговара за да се формира некое мнозинство, порача Села.
Тој додаде дека партијата е сплотена и нема раздори, откако му беше посочено дека досегашната координаторка на пратеничката група на Алијансата Илире Даути, а се шпекулира дека таа има негова поддршка за нов партиски претседател.
-Пратениците се сплотени и спремни за да ги носат напред тие обврски кои ги имаат земено при последните парламентарни избори, рече Села кој посочи дека Алијансата и тој лично остануваат на ставот за поддршка на уставните измени за преговори за членство во ЕУ, но условот е да се вовед и албанскиот јазик во Уставот наместо квалификацијата над 20%.
Горан Милески ќе си даде оставка на министерското место од лични причини