Претседателот на ЛДП Горан Милески за Телма потврди дека во текот на наредната недела ќе поднесе оставка од министер за локална самоуправа.
ЛДП ќе го задржи ресорот. Се разговара со повеќе кандидати за нов министер.
Владата досега не е известена.
Пратениците од партијата тврдат дека нема раздор во партијата и дека раководството на ЛДП е во секојдневна комуникација.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.