Вести Македонија Топ вести

Бухова повеќе нема да го води ДСЗИ – најавена е нејзината смена, но сè уште не е официјално разрешена на владина седница

Здравствените инспектори официјално ќе добијат нов шеф во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Неизвесно е само кога разрешувањето на досегашниот прв човек Ирина Бухова ќе се најде на дневен ред на владина седница.

Нејзиниот мандат како директор заврши пред четири месеци, на четврти април и оттогаш таа беше поставена како вршител на должност до пронаоѓање на нејзината замена.

Тоа што е познато е дека таа и самата по истекување на мандатот побарала да се постави нов човек на таа позиција.

Државниот здравствен инспекторат е уште едно од местата околу кои се кршат политички копја за директорската фотелја.

Во јавноста имаше бројни шпекулации дека се подготвува смена на водечките кадри, но и предавање на директорската позиција во рацете на друга политичка партија од власта.

Засега сè уште не се знае кој ќе биде нејзиниот наследник, но според информациите кои ги има Телма, директорското столче нема да припадне на Алтернатива, партијата од којашто доаѓа министерот за здравство Беким Сали, туку новиот директор ќе биде поставен од СДСМ.

Во јавноста имаше шпекулации и за министерската фотелја и наводи дека Беким Сали докторот кој го замени Венко Филипче, размислувал да ја напушти функцијата.

Сали во телефонски разговор за Телма вели дека тоа се шпекулации кои имаат намера да ги дискредитираат сите започнати проекти кои сакаат да ги промовираат наесен, како што е нова опрема во повеќе болници со пари од Светска банка, односно средства кои останале во Фондот резервиран за борба со Ковид-19.

Ќе се опремуваат постоечките болници со нова апаратура, но ќе се промовира и планот на проектот за изградба на нов Клинички центар.

Министерот Сали најавува промена и на позитивната листа на лекови по цели 12 години, со изготвување и на нов Правилник.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓупартиски судир на наративи: ВМРО-ДПМНЕ слави, СДСМ предупредува за економски пад и одлив на инвестиции

Дејан Дејан

Протести во повеќе бугарски градови за заштита на левот

Дејан Дејан

Денеска ќе се знае кој ќе биде кандидатит на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе