Вести Македонија

Контролирани 38 возила за јавен превоз на подрачјето на СВР Тетово, откриени се пет недостатоци

Тетовската полиција информира дека утринава од од 06.00 до 10.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси, комбиња и такси комбиња.

При контролата биле откриени и адекватно санкционирани се пет прекршоци на гостиварското подрачје за технички и други недостатоци.

„Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а три возила веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, санкционирани биле и три  други видови сообраќајни прекршоци, од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Портпаролот најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и посебно пред и со почетокот на новата учебна година, зашто од и кон Тетово и Гостивар секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици од основните и средните училишта на подрачјето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе