Вести Македонија Топ вести

Предистрагата за „Беса Транс“ никако да финишира

Со месеци траат предистрагите на Јавното Обвинителство и Обвнителството за гонење на ортганизиран криминал кои треба да утврдат како автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре во Бугарија и во кој загинаа 45 лица од кои 12 деца ја минувал државната граница без соодветна документација и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, а во која се утврдени низ нерегуларности не била затворена.

Скопското јавно обвинителство веќе осум и пол месеци истражува како во периодот од октомври 2020 година па се до трагедијата на автопатот „Струма“ во Бугарија на 23 ноемви минатата година,автобусот на „Беса Транс“  над 120 пати излегол од државата преку граничните премини Деве Баир, Блаце, Ќафасан и Делчево, секогаш приложувајќи фалсификуван извод од лиценца без да реагираат цариницте. Автобусот го нема ни во електронската евиденција дека на 18 ноември, пет дена пред трагедијата, излегол од Македонија.

Предметот е во фаза на претходна постапка во рамките на која надлежен јавен обвинител во целост ја испитува работата на компанијата и постапувањето на институциите надлежни да ја контролираат работата на таа фирма. Притоа е обезбедена обемна материјална документација која е предмет на анализа. Во моментов се проверува вистинитоста на податоците кои компанијата ги давала на царинските служби. По проверка на сите факти и околности ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, информираат од ЈО.

Обвинителството за гонење на организиран криминал пак, од почетокот на мај, по добиена пријава од група граѓани испитува како станицата за технички преглед „Виа Комерц“ во скопски Сарај работела и покрај утврдени низа пропусти и нерегуларности. За таа цел на 5 мај беше извршен претрес во станицата но и во МВР од каде е одземена документација.

Предметот е во предистражна постапка. Надлежен јавен обвинител презема предистражни дејствија согласно своите надлежности во насока на расветлување на случајот. Во наредниот период по увид во обезбедената документација, ќе се започне со сослушување на лица во својство на сведоци. Со оглед на тајноста на постапката во моментов не можеме да споделиме повеќе детали. Ви благодариме на разбирањето, велат од Обвинителство за гонење на организиран криминал.

Она што е познато е дека на 12 август минатата година тимовите на МВР утврдиле дека во „Виа Комерц“ контролите ги вршат нестручни лица и не се водат неопходните регистри. На 5 октомври во оваа станицата поминува технички преглед и автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија на 23 ноември а министерот Спасовски три дена подоцна на 26 ноември го потпишува решението за забрана за работа со рок од 30 дена за отстранување на пропустите.  Сопствениците на станицата ги острануваат пропустите со тоа што ја пререгистрираат станицата со друго име.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Дејан Дејан

Поскапува регистрација на возила, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе