Останато Спорт

Злато за Џеруто на 3000 метри со пречки

Кенијката со казахстански пасош, Нора Џеруто триумфираше во трката на 3000 метри со пречки. Таа златниот медал го освои со време од 8 минути 53 секунди и 2 стотинки што е нов рекорд на Светските првенства, а воедно е и трето најдобро постигнување во историјата на оваа дисциплина.

Второто и третото место им припадна на атлетичарките од Етиопија, Веркуха Гетачју и Мекидес Абебе кои исто така имаа резултат под девет минути и ова е прва трка во историјата во која првите три натпреварувачки имале време под магичната границата од девет минути.

Бин Фенг од Кина е сензационална освојувачка на златниот медал во фрлање диск во женска конкуренција. Таа до најголемиот успех во кариерата стигна со далечина од 69 метри и 12 сантиметри што е нејзин личен рекорд.

Со среброто се закити Сандра Перковиќ од Хрватска, која стигна до 12-от трофеј на големите натпреварувања, а трет е Американката, Валери Олман со фрлање од 68 метри и 30 сантиметри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Челси во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе