Единствената македонската натпреварувачка која настапува на Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин, Адријана Поп Арсова во денешната маратонска трка го освои 28-то место.
Таа на целта пристигна со време од 2 часа 41 минута и 20 секунди и беше меѓу 32-те маратонки од пријавените 41 кои успеаа да ја мината патеката.
Инаку златниот медал и припадна на Гатитом Гебресиласие од Етиопија која делницата од 42 километри ја мина за 2 часа 18 минути и 11 секунди што е нов рекорд на Светските првенства. Втора е Кенијката, Џудит Џептум Корир, а бронзата и припадна на Лона Шемтал Салпетер од Израел.
ФОТО: Анета Цветкова