Вести Македонија

Од општина Кисела Вода ќе даваат субвенции за печки на пелети и материјали за фасада

Општина Кисела Вода распиша два јавни повика за субвенционирање проекти за енергетска ефикасност. Првиот се однесува на кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради за колективното домување на територија на oпштината, а вториот е за надоместување на дел од трошоците за субвенционирање за кофинансирање при набавка на печки на пелети за домаќинствата од оваа територија.

Финансиските средства од Буџетот на Општината, во износ од три милиони денари, ќе се користат за делумен надомест на средствата во износ од 60 проценти од вредноста при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради на територија на oпштина Кисела Вода, изградени пред 2010 година. Право на учество на јавниот повик имаат сите Заeдници на сопственици или Управители на станбени згради за колективното домување на подрачјето на општина Кисела Вода, кои ги исполнуваат условите и ја доставиле потребната документација. Јавниот повик за оваа мерка, ќе трае 30 дена од денот на објавување.

Сите детали и критериуми, како и потребната документација се достапни на општинската веб страница.

Од Општина Кисела Вода денеска соопштија дека финансиските средства, пак, обезбедени од општинскиот буџет за 2022 година, за делумен надомест за субвенционирање при набавка на печки на пелети за домаќинствата на територија на општина Кисела Вода, се во висина од еден милион денари. Финансиската поддршка ќе овозможи субвенција во износ од 50 проценти од вредноста, не повеќe од 20.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.

Право на учество на јавниот повик имаат сопствениците на индивидуални стамбени објекти за  домување на територија на општина Кисела Вода, кои не се поврани на градско парно греење и досега немаат искористено субвенции за набавка на печка на пелети или инвертор од било кој извор во Република Македонија за објектот за кој бараат поддршка за субвенционирање.

Апликантите ќе треба да достават фискална сметка или фактура и извод од банка како доказ дека купувањето на печка на пелети е извршено во периодот од 01.01.2022 година до завршување на јавниот повик.

Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена во Буџетот на општина Кисела Вода, а најдоцна до 30 ноември во тековната календарска година. Исплатата на финансиските средства ќе се врши според редот на пристигнати барања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе