Спринтерот од Кенија, Фердинанд Оманјала нема да биде дел од натпреварувањата на Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин.
Дваесет и шест годишниот атлетичар кој минатата година постави нов континентален рекорд на 100 метри и со времето од 9 секунди и 77 стотинки се вбројуваше меѓу фаворитите за медал нема да учествува на Мундијалот бидејќи не му е одобрено барањето за виза за влез во САД.
“За жал нема да настапам на Светското првенство бидејќи не добив виза. Тешко ми е да се соочам со фактот дека нема да учествувам, но уште од сега ќе се подготвувам за медал на шампионатот во Будимпешта следната година”, изјави Оманјала.
Светското првенство во атлетика почнува в петок.