Во претпладневната програма на претпоследниот ден од Медитерански игри што се одржуваат во Алжир настапија четири македонски спортисти.
Мечувалецот, Петар Србиновски забележа две победи и пет порази. Србиновски во првиот круг беше поуспешен од Абуџтела од Либија и Мароканецот, Омар Хахи, а беше поразен од Италијанецот, Џакомо Паолини, Мигел Фразао од Португалија, Мохамед Ал Саед од Египет, Рафаел Жак Веркани од Алжир и Хусам Елкорд од Мароко.
Во попладневната програма ќе настапи Искра Дамјановска која е дел од Ц групата и во текот на денот ќе има пет двобои.
Двајцата македонски претставници во теквондо настапите ги завршија во првото или второто коло. Анамарија Георгиевска по стартната победа над Зорана Сандиќ од Босна и Херцеговина во вториот меч е поразена од Зорана Сандиќ од Хрватска.
Во машка конкуренција, Марко Аврамовски во осминафиналето е совладан од Саиди Атуи додека Филип Додевски го загуби мечот против Хусеин Картал.