Швеѓанецот, Арман Дуплантис на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм постави нов светски рекорд во скок со стап.
Тој пред домашната публика прескокна 6 метри и 16 сантиметри и за еден сантиметар го подобри досегашниот сопствен рекорд поставен пред две години во Рим.
Инаку ова не е најдоброто постигнување на Дуплантис во кариерата бидејќи тој пред три месеци на Светскиот шампионат во сала што се одржа во Белград прескокна 6 метри и 20 сантиметри.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.