На петтиот ден од Медитеранските игри во претпладневната програма на борилиштето се појави џудистот Еди Шерифовски.
Тој во категоријата до 81 килограм во првото коло се соочи со Божидар Вучуревиќ од Босна и Херцеговина и беше совладан со 10:0.
Во попладневната програма стартуваат натпреварувањата во атлетика. Дрита Ислами ќе настапи во квалификациите на 400 метри со пречки и таа е дел од првата група.
Попладнево ќе настапат и двете ракометни селекции на Македонија. Мажите за противник ја имаат репрезентацијата на Шпанија додека дамите во првиот натпревар од фазата по групи играат против Турција.