Останато Спорт

Бол со рекорд на ДЛ и рекорд на митингот во Стокхолм

Покрај Светскиот рекорд на Арман Дуплантис на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм постигнати се уште неколку одлични резултати.

Во трката на 400 метри со пречки во женска конкуренција триумф на Фемке Бол од Холандија која на целта пристигна со време од 52 секунди и 27 стотинки што нов рекорд на Дијамантската лига и натпреварувањето во шведската престолнина.

Во истата дисциплина кај мажите славеше Алисон Дос Сантос од Бразил со време од 46 секунди и 80 стотинки што исто така е нов рекорд на митингот, но и најдобар резултат на светот за оваа година.

Во фрлање диск, првото место му припадна на Словенецот, Кристијан Чех, а неговиот резултат од 70 метри и 2 сантиметри е нов рекорд на митингот.

Рекорд на натпреварувањето во Стокхолм забележа и Андерсон Питерс од Гранада кој го фрли копјето на далечина од 90 метри и 31 сантиметар, а најдобар резултат на светот за оваа сезона постигна Доминик Лобалу од тимот на бегалци кој во трката на 3000 метри победи со време од 7 минути 29 секунди и 48 стотинки.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе