Вести Економија Македонија Топ тема

Експертите во Топ Тема за новиот тарифен модел за цената на струјата -Оној што троши повеќе, треба да плаќа повеќе

Се постапи правично со воведувањето на блок тарифите и се спречи линеарното зголемување на цените на сите, изјави во вечерашната Топ Тема со Боби Христов, професорката по економија Даниела Мамучевска.

Во просек  поскапувањето е 7,4%, но највисоката тарифа ќе плаќа поскапа цена од 138,7%.На овој начин, оправдан е моделот дека тој што троши повеќе, треба да плаќа повеќе, вели Мамучевска, додавајќи дека за неа останува неодговорено, која е таа базна тарифа, стартна базична цена, со кој коефициенти на корекција ги менуваме, ги корегираме цените од прв, втор, трет и четврти блок. Второ, останува недоумицата колку ќе чини цената во ниската тарифа, посочува Мамучевска.

Професорот Рубин Талевски, еден од креаторите на новиот тарифен модел, оцени дека со новиот тарифен систем се воведени две големи работи, што дефинитивно ќе ги збунат потрошувачите.

„Се раздвојуваат сметките за електрична енергија и за мрежарина. Посебно плаќате за нафта и бензин и посебно за патарината. Секогаш цената во ниска тарифа ќе биде иста, но тоа е цена за енергија и таа, без мрежарина, изнесува 0,61 денар. На тоа кога ќе додадете мрежарина од 3,37 и 3,4 цената излегува дека е во ниска тарифа 3,9934 и таа ќе биде од први јули се додека регулаторна комисија не ја смени таа цена. Таа цена, со мрежарина, е 8,8 посто поголема од сегашната, сосе мрежарина“ – вели Талевски.

Професорот Константин Димитров изјави дека се што се донесува е политичка одлука за цената на струјата.

„Според она што го имам како сознание цената на струјата од термоцентралите не може да биде 48 евра колку што е пријавено, без субвенции од државата. Политика е на државата да направи скалесто плаќање. Тоа не е економика, туку социјална политика, што не значи дека е лошо. Овде се работи да ги заштитиме домаќинствата, да им се помогне, но стопанството е пуштено низ вода. Второ, со депресирани цени, ние го уништуваме Електростопанство“ – вели Димитров.

Новиот тарифен модел јасно покажува дека граѓаните многу повеќе плаќаат за патарина, да им стигне струјата до дома, отколку самата струја.

Професорот Талевски тврди дека тоа е една од двете клучни промени, раздвојување на сметките и воведување на три блокови.

Тој тврди дека тоа е тренд и во Европа, каде во сметките за електрична енергија, некаде 60% од сметката е мрежарина, патарина а 40% за електрична енергија.

Професорката Мамучевска праша дали износот на цената на мрежарината е фиксен, на што доби потврден одговор.

Професорот Димитров оцени дека станува збор за комплексен систем кој граѓаните тешко може да го разберат и пресметаат самите.

„Ти ќе разбереш Рубин, ќе разберам и јас, но нема многу луѓе да разберат“ – вели Димитров.

Зошто е толку висока мрежарината е посебно прашање и друга тема, вели Димитров.

Како ќе се порамнуваме? Ова е едно од клучните прашања кои си ги поставуваат граѓаните, по објавувањето на новиот тарифен модел.

Просекот е проклетство или благодет, зависи од која страна си на тој просек и на статистичките показатели. Сега само предвидуваме, вели Димитров додавајќи дека сега само се предвидува и не може се да се предвиди, ќе има грешки и проблеми

Јас знам дека ќе има грешки во прогнозите. Ние направивме модел, но ќе има грешки вели Талевски.

Целата емисија Топ тема е на следниот линк.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе