Кале Рованпера на Тојота триумфираше на Сафари релито што се возеше во Кенија. Финецот до четвртата победа сезонава со која се зацврсти на лидерската позиција во генералниот пласман стигна со 52 секунди подобро вкупно време од Елфин Еванс додека трет со заостанување од минута и 42 секунди е Јапонецот, Такамото Кацута.
Меѓу петте најдобри настапот во Кенија го завршија Себастијан Ожие и Тјери Нојвил.
По шест одржани натпреварува Рованпера води со 145 бода, 65 повеќе од Нојвил, а на третата позиција се наоѓа От Танак од Естонија со 62 бода.
Следното рели на програмата е во периодот од 14 до 17 јули, а ќе се одржи во Естонија.