Американскиот спринтер Фред Керли одличната форма на националното изборно првенство ја круниса со триумф во трката на 100 метри, а неговиот резултат од 9 секунди и 76 стотинки е шести најдобар на сите времиња.
Олимпискиот вицешампион од Токио доминираше во сите настапи на шампионатот и по победата во квалификациите со време од 9 секунди и 83 стотинки тој го подобри сопствениот резултат за седум стоти дела.
Второто место му припадна на Трејвон Бромел кој на целта стигна со време од 9.81 додека трет е Кристијан Колман кој заостана шест стоти дела од секундата.
Инаку за Колман ова е прво натпреварување по пауза од 18 месеци бидејќи мораше да ја издржи казната за кршење на анти-допинг правилата и поради тоа го пропушти настапот на Олимписките игри во Токио.
Шампионатот во Јуџин воедно е изборен за место во селекцијата на САД која од 15 до 24 јули ќе настапи на Светското првенство во атлетика што ќе се одржи во истиот град.