Останато Спорт

Нордиската комбинација пред исфрлање од Олимписките игри

Интернационалниот олимписки комитет кон крајот на овој месец ќе решава дали нордиската комбинација и натаму ќе биде дел од програмата на Зимските игри.

Причината за овој потег е фактот дека оваа дисциплина која е во програмата од 1924 година е единствената во која дамите не се натпреваруваат и доколку тие не се приклучат следува исфрлање од програмата за Игрите во 2026-тата што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо.

“Исфрлањето на единствениот оригинален спорт со образложение дека во него нема родна рамноправност би била трагична и погрешна. Сведоци сме на додавање на спортови како што се скијачки алпинизам и дека причината не е во грижата за рамноправност туку поради ограничениот број на спортови”, изјави американскиот репрезентативец во нордиска комбинација, Бил Дермонг.

Натпреварувачите во овој спорт долго време бараат вклучување на дамите и се предлага воведување на дисциплина во која медали ќе се доделуваат во мешана конкуренција, но веќе подолг период нема одговор.

Конечната одлука за судбината на нордиската комбинација ќе се донесе кон крајот на овој месец на состанокот на Извршниот комитет на кој ќе претседава првиот човек на ИОК, Томас Бах.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе