Во пресрет на летните одмори, но и созданедната правна можност обвинетиот за предметот „Софтвери“, Драги Рашкoвски побара од Кривичен да му го врати пасошот. Единствената мерка која важи во моментов против него е одземени патни исправи, со оглед на тоа дека Апелација прифати со гаранција од 193 илјади евра од се брани од слобода. Бидејќи пасошот му е одземен од судија на претходна постапка, сега судијката Јанчулева Михаиловска воспоставила надлежност.
Инаку, Рашковски остана без пасош откако најпрво беше ослободен од притвор, а потоа од куќен притвор. Одлуката беше донесена од скопска Апелација, кога истотака одредија Рашковски секој понеделник да се јавува на суд, а пасошот да му остане одземен до правосилноста на пресудата во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.
Екс генералниот секретар на владата во обвинителката клупа е соочен со вибер пораки како докази на обвинителството. На денешното рочиште беа претставени нови разговори помеѓу двајцата хонорарци во Владата. Според Обвинителството 4 од соработниците на Рашковски добивале хонорар од владата а парите му ги враќале на еск ген сек во готовина..
СМС и Вибер пораки помеѓу Ирена Ивановска и Игор Ивановски
13.12.2020
Ирена Ивановска: Рече за ден два. Добри сте инаку.
Игор Ивановски: Знам ама оваа тура нешто каснат. Нека стигне ова пакетот па ќе прајме кафе.
Ирена Ивановска: После среда и нас ни одговара.
Игор Ивановски: Да да. Се надевам дека денеска треба да стигне
Ирена: Се надевам и јас. Ќе стигне.
Игор: Добро утро како сте ако се слушна со Перо и неговата асистентката, нема ништо за 9,10,11 или јас да ја барам асистенстката
Ирена: добри еве на работа, можеш да и се јавиш на Ивана, и кај мене уште нема, биле пратени и за 10.
Игор. Абе перо веќе не е директор го смениле
Ирена: Го сменија ама ништо не е сменето само фиктивна промена.
Истрагата е од летото 2019 година кога Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка на работи за потребите на софтверот, иако во та време сѐ уште не бил склучен договор за набавка на таков софтвер. Со избраните економски оператори како најповолни понудувачи биле склучени договори на износ од 1.416.000,00 денари со вклучен ДДВ и од 4.605.021,00 денари со вклучен ДДВ.
Павле Беловски