Вести Свет

Шолц го критикува планираното прекршување на договорот за Брегзит од страна на Британија – Вашингтон повика на разговори меѓу Лондон и ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја критикуваше планираната унилатерална измена на британската влада на Протоколот за Северна Ирска од договорот за Брегзит, јави ДПА.

„Оваа одлука, донесена од британската влада е несреќна“, рече Шолц вчера по средбата со словачкиот премиер Едуард Хегер во Берлин. „Ова е отстапување од сите договори што ги постигнавме меѓу Европската унија и Обединетото Кралство. И нема причина за тоа“, рече канцеларот.

„ЕУ ќе реагира едногласно и затоа ги има на располагање сите алатки“, додаде Шолц.

Британските власти сакаат да ги укинат сите проверки на стоки договорени во Протоколот за Северна Ирска за заштита на единствениот европски пазар и да ги заменат со доброволен договор.

Белата куќа ги повика Велика Британија и ЕУ да се вратат на разговорите за да се решат разликите околу спроведувањето на протоколот за Северна Ирска, но рече дека не очекува тоа да ги попречи американско-британските трговски преговори следната недела.

„Заштитата на достигнувањата од Договорот од Велики петок и зачувувањето на мирот, стабилноста и просперитетот на народот на Северна Ирска останува приоритет за Соединетите држави“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

На прашањето дали плановите на Велика Британија да укине некои трговски правила за Северна Ирска по Брегзит може да ги попречат трговските разговори меѓу САД и Велика Британија закажани за 22 јуни во Бостон или идниот трговски договор меѓу САД и Велика Британија, таа рече: „Не, мислам дека тоа нема биди пречка“.

Ирскиот премиер Михал Мартин рече дека е „несреќно за земја како Британија да се откаже од своите обврски според меѓународниот договор“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе