Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски на трката во Копенхаген поставија нови македонски рекордни во маратон.
По само шест месеци од најдобрите постигнувања во Скопје, македонските атлетичари имаа нов извонреден настап и за неколку минути ги подобри досегашните национални рекорди.
Поп Арсова на целта пристигна со време од 2 часа 35 минути и 29 секунди подобрувајќи го македонскиот рекорд за 5 минути и седум секунди.
Ивановски настапот во данската престолнина го заврши со резултат 2 часа 18 минути и 12 секунди што е за 3 минути и 15 секунди подобар резултат од досегашниот рекорд.
ФОТО: Игор Паневски