Вести Најважни Свет

Долгорочната стратегија кон Русија и влезот на Финска и Шведска во фокусот на денешниот министерски состанок на НАТО

Руската инвазија на Украина драстично ја промени безбедносната ситуација во Европа и го оживеа геополитичкото влијание на алијансата во Стариот континент, до точка што традиционално неутралните земји сериозно размислуваат да ѝ се приклучат на алијансата. Официјалните барања за членство владите на Финска и Шведска ќе ги поднесат откако ќе добијат одобрение од парламентите во двете земји.

Ќе го одржиме парламентарниот процес за одлучување во Финска и тоа ќе одземе време колку што е потребно. Сите парламентарци имаат право да зборуваат и тоа ќе трае колку што ќе биде потребно. Затоа, не можам да кажам понеделник, или вторник, или некој друг ден, но се надевам дека ќе можеме да ја испратиме апликацијата заедно со Шведска, изјави финската премиерка Сана Марин.

Но, спротивно на колективната подршка за политиката на отворени врати, Турција и претседателот Ердоган изразија резерви за евентуалното проширување со двете северни земји.

Го следиме развојот околу Шведска и Финска, но немаме поволно мислење, бидејќи претходните администрации на НАТО веќе еднаш направија грешка во врска со Грција, а ги знаете постапките кои Грција ги презема кон Турција, со НАТО зад себе, обвини Ердоган.

Турскиот став фрла сенка врз евентуалното дополнително проширување на НАТО, но финската премиерка тврди дека тоа не значи оти Анкара е против приемот на Финска во НАТО, туку напротив, ѝ дава поддршка.

Сите претходни изјави беа многу позитивни, кога станува збор за приклучувањето на Финска кон НАТО. И Турција рече дека нема да предизвикува проблеми во процесот. Затоа, сакаме да одвоиме време и да разговараме со Турција, како и со други држави, за да видиме кои се нивните позиции, рече марин.

Москва веднаш предупреди дека проширувањето на алијансата со Финска и Шведска ќе го смета за непријателски акт, кој ќе претставува дополнителна закана за нејзината безбедност, поради што најави и дека ќе одговори на тој потег.

Секако, нашата земја претрпува промени во согласност со околностите, и самата си извлекува заклучоци. Изборот кој всушност веќе го направивме, е објаснет преку фактот што Западот колективно ни објави тотална хибридна војна. Тешко е да се предвиди колку таа ќе трае, но јасно е дека последиците ќе ги почуствуваат сите, без исклучок, тврди рускиот министер за надворешни работи сергеј лавров.

Откажувањето на Финска од својот неутрален статус и приклучувањето на НАТО би било грешка, му порачал рускиот претседател Путин во телефонски разговор на финскиот колега Саули Нинисто. Според Путин, Финска не се соочува со никакви безбедносни закани, на што Нинисто му одговорил дека руската инвазија на Украина драстично го променило безбедносното опкружување на неговата земја, и поради тоа одлучиле да побараат членство во НАТО.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Од 15 часа до 40 без вода – скопјани се снаоѓаат со шишиња и кофи

Дејан Дејан

Скопје за мене е емотивна територија, тука имам многу пријатели, полиција да ме бара, знам каде би се сокрил – Бреговиќ во интервју за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе