Вести Македонија

Николовски: Ниту една православна црква што добила томос за афтокефалност нема јурисдикција надвор од политичките граници на државата

Со признавањето за канонска, Македонската православна црква со област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија, оставајќи ги надвор епархиите кои МПЦ-ОА ги има надвор од територијата на државата. Тоа, според гостите во вечерашната Топ Тема е стандардна пракса на Вселенската патријаршија.

Ниту една православна црква што добила томос за афтокефалност нема јурисдикција надвор од територијалните гранции, политичките граници на државата. Тоа што денеска СПЦ има јурисдикција во Словенија, во Хрватска, во Македонија е резултат на распадот на Југославија, а не на тогаш издадениот томос, кој гласел на Православната црква на Кралството на Себите, Хрватите и Словенците. Сите надворешни граници по канонското правило треба да припаѓаат на Вселенската Патријаршија, но никде не припаѓаат и тоа се големи проблеми на ниво на православниот свет, вели Николовски.

Евентуален проблем може да се појави и со името „Охридска архиепископија“, кое може да предизвика противење од страна на Бугарската православна црква.

Бугарите сигурно ќе се противат бидејќи знаеме сите дека БПЦ се смета дека е наследничка, покрај на Великотрновската патријаршија и на Охридската архиепископија. Сигурен сум дека определеното име ќе наиде на портивење од нивна страна. Јас ќе потсетам само кога поглаварот г.г. Стефан го испрати писмото со кое бараше признавање од БПЦ, во бугарските одговори во ниту еден момент, на ниту едно место не беше спомнато Охридска архиепископија во нашето име. Тие и тогаш избегнуваа, а нема дилеми дека сега ќе се спротивстават. Пред повеќе години кога ја ставивме додавката „Охридска архиепископија“, тоа беа првите навестувања, тоа беше онаа двојна формула за употребата на името, бидејќи и тогаш беше јасно дека блокот на грчките православни цркви никогаш нема да прифати во името на нашата црква да стојат термини како „Македонија“, „Македонска“ или слично, вели Ѓорѓевски.

Но, Николовски потсети дека во ниту еден од томосоите за автокефалност, издадени од Вселенската патријаршија, имињата на православните цркви не се дефинираат низ национален предзнак.

Сите 13, или 14 православни цркви што денеска постојат, постојат благодарение на издадени томоси на Вселенската патријаршија. Во сите тие томоси се дефинирани имињата на тие цркви, како се ословуваат и сите тие цркви имаат јурисдикција на владение над политичките граници на државите каде што се наоѓаат, освен на три цркви кои што се древни, Антиохиската, Александриската и Еусалимската, кои што се сметаат како древни патријаршии. Сите имиња издадени на томосот никаде не се дефинираат низ националниот предзнак на црквите, вели Николовски.

Николовски додава дека избор на името „Охридска“ е многу вреден затоа што овозможува 11 вековен континуитет на кој можеме да се повикуваме и никој не може да го оспорува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе