Новинарот Бранко Ѓорѓевски смета дека МПЦ-ОА допрва ја очекува тежок период, бидејќи, како што покажува и примерот со Украинската православна црква, не сите го поддржаа признавањето на Украинската православна црква за канонска.
Не очекувам дека сите останати 13 цркви веднаш ќе почнат да сослужуваат со нас. Случајот со Украина ни дава некои укажувања, откако Вселенската патријаршија ја призна афтоклефалноста на Украинската православна црква, досега само три православни цркви се согласиле со таа одлука, Александриската, Кипарската и Грчката архиепископија. Останатите православни цркви не се изјаснија, зошто? Имате таму правосклавни цркви на чие чело се етнички Грци, молчи романската православна црква, која што е членка на НАТО, исто како и Бугарската. Нема да оди тој процес и кај нас лесно, секоја православна црква се раководи со некои свои стратешки интереси, вели Ѓорѓевски.
Смета дека во прилог на МПЦ-ОА и одат и актуелните настани околу војната во Украина, и дистанцирањето на многу од останатите православни цркви од руската, поради ставовите на Московскиот патријарх, кој ја поддржа руската воена инвазија на Украина.
Поради војната во Украина и фактот што Руската православна црква ја поддржа инвазијата, многу други православни цркви се оддалечуваат од руската. Полската, чешката, романската, сите жестоко излегоа со свои ставови кои се против војната и кои силно ја разнишаа позицијата на рускиот патријарх. Јас очекувам дека во следниот период ќе се случи едно дистанцирање на православните цркви од руската православна црква, вели Ѓорѓевски.
Николовски смета дека патот до издавањето на томосот за автокефалност на МПЦ-ОА може да биде тежок, исто колку што може да биде и лесен.
Брзиот пат е ако СПЦ осознала дека време е да се откаже од идејата дека треба да има духовна власт врз Македонија и да ги договори техничките работи со МПЦ, како статусот на ПОА, како некои други прашања, има и други работи, имаме повеќе епархии сега отколку што има СПЦ во нејзиниот устав за Македонија. Но тоа се детали кои што ќе ја состават коцката за на крајот од денот СПЦ не се противи Вселенскиот патријарх да го издаде томосот за автокефалност за црквата овде во Македонија. Тоа е полесниот, а потешкиот е ако се спротивстави. Тогаш ќе ни се случи украинското сценарио. Но, ако СПЦ има добра волја нема да се случи украинското сцвенарио, и руската црква ќе го признае и сите останати, вели Николовски.