Вести Свет Топ вести

Путин: Блокирајте ја челичарницита во Мариупол да не може ниту мува да прелета

Путин им нареди на руските војниците да ја блокираат челичарницита во Мариупол за да не може ниту мува да прелета. Тој на состанокот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, рече дека ги откажа плановите за упад во фабриката за челик Азовстал, од каде што последните украински трупи во Мариупол даваат отпор на рускиот напад. Предлогот на Путин е блокада, наместо напад, „нема потреба, вели тој, руските војници да ползат под земја низ овие индустриски капацитети“.

-Предлагам, ова е случај кога мораме да размислуваме, односно секогаш да размислуваме, но уште повеќе во овој случај, за зачувување на животот и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба да се симнувате во овие катакомби и да ползите под земја низ овие индустриски капацитети. Блокирајте ја оваа индустриска област за да не може мува да прелета, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин смета дека е „непрактично“ да се нападне огромната индустриска област, каде има повеќе од 2.000 украински војници и тоа од Азовска бригада, составена од екстремни десничари.

На средбата која се одржа во Кремљ, рускиот претседател го поздрави „ослободување“ на Мариупол откако министерот за одбрана Сергеј Шојгу му кажа дека руските сили сега го контролираат овој важен украински пристанишен град, кој во нормални времиња е клучен извозен центар за челик и јаглен.

-Вооружените сили на Руската Федерација и народната милиција на Доњецката Народна Република го ослободија Мариупол. Остатоците од формирањето на националисти се засолниле во индустриската зона на фабриката Азовстал, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Со последните украински борци засолнети во фабриката за челик, се околу 1.000 цивили кои живеат во тешки услови. Десетици цивили наводно го напуштаат разурнатиот Мариупол, откако Украина постигна прелиминарен договор со Русија за хуманитарен коридор. Ова доаѓа откако рускиот рок за последните украински бранители во Мариупол да го положат оружјето истече.

Во меѓувреме, Русија се обидува да го заземе источниот регион Донбас во нова офанзива – но британското разузнавање соопшти дека украинските сили одбиле неколку напади.

ОН соопштија дека повеќе од пет милиони Украинци досега ја напуштиле земјата од почетокот на руската инвазија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската унија планира шести пакет санкции против Русија. Конкретно, санкциите ќе обезбедат ограничувања за рускиот енергетски сектор, банкарскиот сектор, извозот, увозот и транспортот, рече тој, повторувајќи го апелот за целосно ембарго на испораките на руска нафта.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе