Вести Свет

Украинска армија: Уништивме 12 руски тенкови, погодивме авион и хеликоптер

Главниот фокус на Русија останува на Мариупол, каде нејзините војници продолжуваат да ја напаѓаат фабриката за челик Азовстал, во која се сместени украински војници и цивили, се вели во новиот разузнавачки извештај на украинската армија.

Војската, исто така, вели дека руските сили продолжуваат со нивната голема инвазија на источна Украина за да воспостават целосна контрола врз регионите Доњецк и Луганск.

„Русија продолжува да ги бомбардира цивилните и воените структури во земјата. Во Доњецк и Таврија, руските трупи продолжуваат со гранатирање по линијата на фронтот, обидувајќи се да најдат слаби точки во одбраната на Украина“, велат од украинската армија.

Руските војници се обидуваат да започнат воена операција во украинското село Попасна во Луганск, во источна Украина. По обидите на руските сили да ги нападнат локациите Рубижне и Северодонецк, околу 130 ранети војници се префрлени во локална болница.

Украинската армија тврди дека одбила 10 напади на руските сили во Доњецк и Луганск во последните 24 часа.

„Уништени се 12 тенкови, 28 оклопни возила и еден артилериски систем, а украинските воздухопловни сили погодија девет цели – еден авион, еден хеликоптер, шест беспилотни летала и една крстосувачка ракета“, се вели во извештајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе