Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Лидерите на партиските подмладоци тврдат дека не се само декор на митинзите, туку релевантен политички фактор

Колку партиските подмладоци се авангарда во партиите а колку знаменосци и декор кој стои зад партиските лидери на големите митинзи со плакатите во раце кои ветуваат добра иднина за младите?

На ова прашање на Боби Христов, вечерва одговараа лидерите на 4 партиски  подмладоци

Теодора Димитровска, генералниот секретар на ЛИДЕМ, подмладокот на ЛДП, оцени дека за жал таква е перцепцијата кај граѓаните. Според неа сепак ситуацијата е подобра во реалноста.

„ Мислам дека младите се баш оние кои придонесуваат за многу подобри политики и оние кои што иницираат такви политики а флоскулата која што се шири дека носиме само знамиња во партиите, не е така, барем кај нас либералите“ – изјави Димитровска.

Сергеј Попов кој е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на прашањето за носење на знамињата оцени дека од една страна нормално е најмладите на партиските собири и митинзи да бидат најгласни, најбурни и најенергични, што не значи дека подмладоците служат само за тоа.

 „Во УМС можам да кажам дека ние младите сме застапени во сите структури, сите можни листи на партијата, кандидатски, имаме млади советници во сите општини од УМС и најсветлиот момент кој се случи на 30-тиот роденден на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, за прв пат во Македонија, политички подмладок напиша свој програмски документ, стратегија за млади, која што ја нарековме „Визија за победи““.

Марко Михаилоски од СДММ, оцени дека во Социјалдемократската младина се смета дека не е доволно младите само да бидат дел од некој процес ако при тоа не споделуваат своите мислења и ставови.

„Токму преку организирање на јавни дебати, на трибини, на вакви дебатни емисии ,каде што ние како млади може да спротиставиме свои идеи и мислења во однос на младинските политики, тука сме да побиеме таа теза дека младите служат само како знаменосци а не за авангарда и во своите партии но и во општеството“ – изјави Михаиловски.

Дрилон Леши од младинскиот форум на ДУИ, изјави дека за жал во општеството е создаден стереотип дека секој млад човек кој влегува во политиката мора да носи најпрвин партиско знаме.

„Со статутарните измени кои ги направивме во ДУИ, внесовме уште една статутарна норма дека во сите органи на партијата треба да има повеќе од 10 проценти млади луѓе, што се потврди и на локалните избори, каде што повеќе претставници на младинските форуми беа кандидирани за советници а сега имаме и претседатели на Совети и во извршната власт или другите јавни претпријатија.“ – изјави Леши.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Што ќе смени амандманската расправа за ребалансот на Буџетот?

Дејан Дејан

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе